Споменик на Слободата

alt 

Споменикот на Слободата во Кочани е граден во периодот од 1975 до 1977 година. За таа намена биле собрани финансиски средства од околу 400.000 евра. Уметничко-архитектонското решение е дело на Глигор Чемерски и Радован Раѓеновиќ. Споменикот бил целосно завршен и предаден во употреба во 1981 година.

На 335 м2 мозаичен приказ е крунисана и овековечена историската борба на македонскиот народ за слобода од илинденскиот период до Втората светска војна. Во Споменикот со посебен пиетет се врежани имињата на загинатите борци од Кочани и Кочанско.

alt   alt

Покрај историската и уметничка вредност, Споменикот има и употребна вредност со изградената амфитеатрална сцена, која се користи за свечености, театарски претстави и други собири. Прогласен е за споменик на културата и влезен во регистарот на Заводот за заштита на спомениците на културата.