Плачковица

alt

Спортското планинарење и спортскиот лов и риболов се препознатливо обележје на Плачковица, средновисока планина во источниот дел на Република Македонија. До неа се доаѓа од Радовиш, Штип и Виница. Планината е расчленета со повеќе длабоки речни долини, а нејзин највисок врв е Лисец со 1.754 метри надморска височина.

alt   alt

До планинарскиот дом „Џумаја“ се пристигнува по добар земјен пат во должина од два километри, од каде до врвот Лисец се потребни два часа пешачење по маркирана патека. Лисец може да се искачи и од планинарскиот дом „Вртешка“, исто така, по маркирана патека. По тој пат има доста извори и потоци, како и ливади погодни за кампување. На Лисец често има снег во доцните пролетни месеци април и мај. Детското одморалиште на планината Плачковица е еден од најпосетените објекти во овој дел на државата.