Црква Св. Пантелејмон

alt

Градската соборна црква Св. Пантелејмон се наоѓа во една длабнатина југозападно од Велес, неколку стотини метри од последните куќи. Теренот е прилично стрмен, особено од западната страна, каде над црквата високо се издига ридот Вршник, а од источната е стрмниот терен до Велешката клисура до брегот на Вардар и главниот пат кон југ. Заради тоа, соѕидана е подлога за црквата, а како бедем од источната страна изграден е потпорен ѕид од делкан камен, како кај одбранбените тврдини.

alt   alt

Денешната црква е од поново време, а старата, која постоела како мала црквичка, можно е во старо време да служела како манастир на Стар Велес. Црквата била оспособена за богослужба за околу 4 години, од 1837 до 1840 година, била осветена од тогашниот велешкиот владика Игнатиј.

alt   alt

Дефинитивното завршување на црквата траело до 1847 година, а во 1849 година е поставено клепалото. Во дворот на црквата, при самиот влез, во 1904 и 1905 година е поставена камбанаријата, а десно од неа во правец на црквата се изградени неколку зградички за разни потреби. Нејзиниот денешен изглед датира од 1837-1940 година.