Секоја  година пред Петровден се одржува т.н. овчарски натпревар во брзо стрижење и молзење, односно Овчарски средби. Освен натпреварите во стрижење и молзење на овци, има и борба на пеливани, како и изложба и дегустација на сирења и нивно оценување. Учествуваат повеќе фолклорни групи од Македонија од повеќе националности. Овие средби се одржуваат на бачилото „Вардар“.