Езеро Младост

alt

Локалитетот се наоѓа покрај акумулацијата на реката Отавица, а урбаното планирање на самото езеро опфаќа сателитска населба за домување, комерцијални содржини, угостителство и зона за спорт и рекреација.

По ова најмало македонско езеро плови најголемиот брод во земјата - „Панини“. Со своите димензии, бродот се одвојува од целината на питомиот езерски предел. Долг е 56, широк 10 и висок 8,5 метри. Тежи 560 тони и има 2.000 квадратни метри корисна површина. Спаѓа во категоријата туристички јахти. Бродот, кој е изграден на три нивоа, може да прими 800 гости. На палубата има ресторан, на натпалубата се сместени 13 апартмани со сателитска телевизија и интернет, кафе-бар и слаткарница, а во потпалубата работат кабаре и пивница. До бродот се стигнува преку понтонски мост долг 30 метри.

alt   alt

„Панини“ е граден на суво пред седум години, а потоа спуштен во водата. Самото градење на бродот чинело околу 2 милиона евра, а го граделе 24 подизведувачи од Македонија, Хрватска, Србија, Германија. Колку внимание е посветено на работата, покажува фактот што тој 16 пати е пребојадисуван, поради заштита од корозија. Стабилноста на бродот ја гарантираат четири котви, секоја тешка по четири тони.