Лозја и вино

 alt

Лозарството е проучување, производство и изучување на грозјето и се занимава со сето она што се случува во лозјето. Во календарот на лозарот спаѓаат изучувањето на грозјата кои се берат и пренесуваат до винаријата, кастрењето на лозниците зимно време, орањето на почвата заради растресување и откривање на основата на лозниците и, конечно, цутењето и кастрењето на лозниците заради добивање грозје летно време. Лозарите не се винари, бидејќи тие не ги произведуваат вината, туку само го надгледуваат и изучуваат процесот на растење.

alt   alt

Лозовите насади во Тиквешијата се распространети на околу 11.000 хектари (8.000 на подрачјето на Општина Кавадарци и 3.000 на подрачјето на Општина Неготино). Најзастапени сорти грозје се „смедеревка“ и „кратошија вранец“, а на помали површини се одгледуваат и десертните и трпезните сорти грозје: „кардинал“, „хамбург“, „афус али“, „рибиер“ и др.

alt

Како резултат на големите лозови насади, во Тиквешијата има голем број винарски визби, кои грозјето го преработуваат во вино и ракија и го пласираат на странските пазари. Најголеми винарски визби се „Тиквеш“ од Кавадарци (најголема во Македонија) и „Повардарие“ од Неготино, а во поново време се отвораат и други винарски визби: „Попова Кула“, „Чекорови“, „Китвин“, „Бовин“ и др.