Вевчанскиот карневал опстојува повеќе од 1400 години, како интересен спој меѓу паганското и современото. Се одржува на 13 и 14 јануари секоја година и е посветен на Св. Василиј Велики. На тој ден се дочекува Новата (православна) година, а се испраќа старата.
 
  


  
 

Инаку, станува збор за пагански обичај, кој тука се сочувал до денешни дни. Учесниците во него се нарекуваат василичари. Тоа се маскирани поединци и групи од сите возрасти организирани по маала. Во 1993 година Вевчанскиот карневал стана член на FCC - Асоцијацијата на светските карневалски градови.
 

  
 

Вевчанскиот карневал на FACEBOOK >>