Македониум

alt

Споменикот е откриен на 2 август 1974 година на денот на триесетгодишнината на заседанието на АСНОМ и 71-вата годишнина од Илинденското Востание. Споменикот ја означува непокорноста, борбата и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава.

alt   alt

Од височините над Крушево, Македониум доминира со својот споменичен ликовно-естетски комплекс, кој претставува хронологија на значајните настани и личности од периодот пред, за време и по Илинден. Споменикот Илинден се протега на 12 хектари и формата започнува со раскинати пранги продолжува преку криптата и колоритно-мозаичната керамопластична сцена и завршува со купола на 1320 метри надморска височина, од каде се протега извонреден поглед на сите четири страни - кон Крушево, Слива, Мечкин Камен и Пелагонија.

alt

Внатрешноста на куполата импресионира со своите релјефи, витражите со вечниот пламен и звуците на ораториумот „Сонце на прастарата земја“ од Тома Прошев. Денес во самата купола се наоѓа гробот на Никола Карев и спомен-биста на Тоше Проески.