Куќата на уметноста се наоѓа во близина на манастирскиот комплекс Св. Ѓорѓија, во близина на селото Кнежино, околу четири километри од Кичево. Секоја година, традиционално во Куќата на уметноста се одржува меѓународната ликовна колонија со голем број уметници од земјава како и од странство. Куќата на уметноста е во сопственост на Тајмиште АД, под чие покровителство се одвива овој голем уметнички и ликовен настан.
 

  


На уметниците кои творат на оваа ликовна колонија им се обезбедени идеални услови за работа во една природна идила и во објект со кој се гордеат сите жители на Кичево. Нивните творби во текот на двонеделниот престој во Куќата на уметноста, како и по завршувањето на колонијата, можат да ги видат многу љубители на уметноста. Кичевската колонија по само 16 години е вистинска ризница на врвни уметнички остварувања, а Кичево и Кнежино се наоѓаат на мапата на најпрестижните меѓународни ликовни колонии.