Оваа традиционалната манифестација се организира од далечната 1964 година и има троен карактер (културен, туристички и стопански). Домаќин на Тиквешкиот гроздобер е градот Кавадарци, кој важи за најголем производител на грозје и вино во Македонија и еден од поголемите производители на Балканскиот Полуостров.

  

Оваа традиционалната стопанско-туристичка манифестација преставува еден вид продолжение на една долга и богата традиција, која на овие простори се одржувала од антички времиња, кога во чест на богот на грозјето и на виното Дионис биле одржувани т.н. Дионисови денови.

  

  

Тиквешкиот гроздобер претставува своевидна регионална атракција, која предизвикува големо внимание и е вистинско доживување за посетителите, особено со Винскиот Карневал и дегустацијата на вино.



Тиквешки гроздобер >>