Од 1964 година Велес е домаќин на поетите од Балканот кои, во родниот град на основоположникот на современата македонска поезија и литература Кочо Рацин, го слават поетскиот збор. Покрај презентацијата на поетското творештво, во рамките на манифестацијата се одржуваат и научни собири, посветени на животот и творештвото на Рацин.
 


 

На манифестацијата традиционално се доделува Рациново признание за најуспешно литературно остварување меѓу две манифестации, како и почесното Рациново признание за научни трудови, преводи и други дела посветени на творештвото на Кочо Рацин. Секоја година манифестацијата се збогатува со разни содржини - настапи на истакнати музички уметници, изложби, саеми на книги, на кои учествуваат уметници од Македонија и од соседството.