Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, во текот на своето седумнаесетгодишно постоење, поминал низ сите фази на сопствениот развој: од првичната идеја за „Денови на Ристо Шишков“, до етаблирање на национален фестивал на високи актерски достигнувања.

  

Профилот на фестивал посветен на актерот и актерството му обезбеди високо место во хиерархијата на културните и цивилизациските придобивки кои ја легитимираат Република Македонија и престижноста изразена во името на бардот на македонското актерство - Ристо Шишков и сите досегашни лауреати - македонски театарски ѕвезди.

  

Фестивалот својата зрелост ја покажува и во своето меѓународно издание, со што фестивалот започнува нова етапа од своето постоење, предизвик кој е во контекст на новите европски перспективи.

www.siskov.org.mk >>