Карневалот во Струмица е еден од најзначајните обичаи и традиции од таков вид во Републиката, кој отишол можеби најдалеку во својата трансформација од сите традиционални игри под маски, како по времето на одржување, така и по својата цел и функција. Струмичкиот карневал се одржува традиционално секоја година во рамките на тримерските денови, односно на почетокот на големиот Велигденски пост, а и самото име „карневал“, од римското carne (месо) и (vali) збогум, односно „збогум месо“, ни асоцира на почеток на пост, овој случај Велигденскиот.
 

 

 

 

Почетокот на постот, односно првите три дена, се наречени тримерски денови и тие секогаш започнуваат од недела вечерта на Прочка и траат до среда, а во нивни рамки, односно во вторникот вечерта е традиционалната карневалска вечер, кога маскирани групи шетаат низ градот и одат по куќите каде има верени, армасани девојки и каде што остануваат до раните утрински часови. Меѓутоа, што се однесува до поврзаноста на карневалот со тримерските денови, треба да се направи реска дистинкција, односно нивната поврзаност е само временска, т.е. тие временски се совпаѓаат, но не и суштински, бидејќи по својата суштина тримерите се христијански обичај, додека карневалот претставува остаток од култ од паганско време.
 


 

www.strumickikarneval.com >>