Културната манифестација „Дојрански ракувања“ започна во 1976 година. Првите години минуваа во духот на поетскиот пишан збор, при што еминентни писатели од нашата земја читаа свои литературни творби. Природните убавини, медитеранската клима, топлата и лековита вода, атрактивниот риболов со мандри со помош на птици корморани, како и многу други приоритети на Дојранското Езеро, придонесоа за интензивна градба на туристичко-угостителски објекти, кампови и голем број викенд-куќи, со што се зголеми и бројот на леглата.
 


Во последните неколку години манифестацијата се збогатува со нови содржини, одлично прифатени од посетителите, со изведувачи и од соседните земји, кои настапуваат со свои културно-уметнички и фолклорни друштва, како и со познати изведувачи на народни и забавни песни.