Пелагонија

alt

Пелагонија го зафаќа, главно, југозападниот дел на Македонија и има меридијански правец на протегање. Од сите страни котлината е заградена со планини: на север со Даутица, на исток со Ниџе и Селечка планина, на запад со Баба и Бишева планина, а на југ е отворена кон соседна Грција. Во овие граници Пелагонија зафаќа површина од над 4.000 км2 и се простира на 600 метри просечна надморска височина.

alt   alt

Пелагонија има претежно умерено континентална клима, но некогаш во зимските месеци во неа продираат студени влијанија од север, кои навистина ја снижуваат температурата и даваат карактер на континентална клима. Просечните врнежи изнесуваат околу 640 мм.

alt

Во времето на Терциерот, Пелагонија била заезерена, поради што денес, особено во Битолското Поле, голема е застапеноста на хумусна и алувијална почва. Пелагонија денес претставува најголема житница во Македонија. Од житните култури најзастапени се: пченицата, јачменот, пченката, а од индустриските: сончогледот, тутунот шеќерната репка и други. Целата котлина (особено Прилепското поле) претставува најголем производител на тутун во Македонија и на Балканот. Во околината на Прилеп се одгледува еден од најароматичните тутуни во светот.