Канео

 alt

Изградена на висока карпа во стариот дел на Охрид, на едно од најубавите места на брегот на Охридското Езеро, црквата Св. Јован Богослов датира од XIII век. Тогаш е и сликана, иако ктиторот на црквата и сликарите на фреските не се познати. Архитектурата е мошне значајна за проучувањето на средновековните споменици на Охрид, затоа што претставува успешна комбинација од византиски и ерменски елементи.

alt   alt

Фреските се зачувани во кубето и во олтарниот простор и се прилично оштетени, поради тоа што црквата подолг период меѓу XVII и XIX век била делумно разурната и напуштена, кога поголем дел од фреските биле уништени и засекогаш загубени.

alt

Првобитниот изглед на црквата Св. Јован на Канео, еден од симболите на древниот Охрид, е вратен по конзерваториските работи во 1963 и 1964 година, кога била урната припратата со камбанаријата, кои биле доградени во XIX век. Тогаш биле откриени фреските во кубето.