Охридска пастрмка

 alt

Охридската пастрмка отсекогаш живее во Охридското езеро. Денот го поминува во длабочините и на места што пооддалечени од брегот, а на површината на водата испливува навечер, кога лови муви. Понекогаш приоѓа до самиот брег, во плитките води, барајќи храна од подводните растенија.

Се јавува во три подвидови: летница (Salmo letnica Balcanicus) и струшка пастрмка (Salmo letnica Typicus) кои се мрестат во зима, како и охридска белвица (Salmo letnica Aestivalis) која се мрести во лето, во периодот од мај до јули и се наоѓа само во најдлабоките места на езерото (до 200 м).

alt

Охридската пастрмка се разликува од поточната по сплеснатото тело, малата глава и ѕвездестите сиви пеги по телото. Бојата на месото кај некои од нив бела, а кај некои розова. Максималната должина се движи од 25 до 60 см, а максималната тежина до 15,8 кг. Мелезите настанати со вкрстување на поточната и охридската пастрмка по телото имаат наизменично распоредени црвени кружни и сиви ѕвездести пеги како летницата. Охридската пастрмка е вкусна за јадење. Како еден од заштитните знаци на Македонија, таа се наоѓа и на македонските монети.