Девини кули

alt

Поречкото село Девич е типично планинско, каде што основа на животот на населението е одгледувањето добиток (овци и кози). Во Кулите живеела Дева, една од четирите сестри на Крали Марко. По неа тие биле наречени Девини кули, а од таму и блиското селото го добило името Девич. Пеша, другата сестра на Марко, живеела во големата пештера на другиот рид, преку патот, која се гледа од Кулите. Пештерата по неа го добила името Пешна.

alt alt alt

Од врвот на Кулите до течението на Треска и нивите со пченка и тутун некогаш имало скали. Кај последната скала постоела чешма на која се миела Дева, а веднаш до неа било скриено азното - златото на Крали Марко, кое го чувало некое животно.

Под Девини кули опстојува вистинска идила во ова село кај Македонски Брод, кое и денес живее со легендите за Девини кули.