Музеј на Западна Македонија

alt

Од посебно значење е што во текот на Втората светска војна во денешната зграда на Музејот престојувал Главниот штаб на Народноослободителната војска на Македонија. Постојаната поставка во Музејот ни ја прикажува борбата на македонскиот народ за слобода во XIX и XX век, низ документи составени од автентични материјали, предмети, фотографии, скици, карти, знамиња, макети, текстови. Поголем дел од Музејот им е отстапен на фреските и мозаиците. Прикажана е и збирка на оружје од историјата на македонскиот народ низ вековите.

alt   alt   alt

Покрај историскиот дел, Музејот е и во постојана потрага по археолошки предмети. За таа цел, извршени се поголем број археолошки ископувања, особено на локалитетите Кнежински манастир, Миокази и Карбуница.

Музејот врши авторска и изложбена дејност и организира ликовни изложби. Формирана е и етнолошка збирка, која се состои од носии од Кичевијата од XIX век, предмети од покуќнина, народни ткаенини.