Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е конституиран во 1965 година на иницијатива на Здружението на драмските уметници од Република Македонија. Фестивалот го носи името на основоположникот на македонската драма - Војдан Чернодрински, драмски автор, актер и режисер. Традиционално, секоја година се одржува во Прилеп, во почетокот на месец јуни. Првата претстава на овој реномиран фестивал се одржала на 4 јуни 1965 година.
 


 

На Фестивалот континуирано се презентираат најдобрите театарски, односно драмски остварувања од целокупната македонска театарска продукција, работени според дела од светската драматургија, а особено се афирмира македонското драмско творештво. Фестивалот има натпреварувачки карактер во официјалната програма.
 

 

www.mtf.com.mk >>