Малиот битолски Монмартр е традиционална меѓународна детска ликовна колонија од 1982 година, во организација на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ од Битола. Колонијата се одржува во Битола секоја година од 23 до 30 мај.

     

На оваа манифестација учествуваат ликовни таленти од Европа и светот на возраст од 5 до 14 години. Учеството е по пат на конкурс (на слободна тема и ликовни техники), што се распишува на почетокот на септември, а трае до 20 февруари. Сите пристигнати творби на конкурсот ги разгледува и оценува меѓународно стручно жири, кое доделува повеќе вредни награди. Како придружна манифестација на Колонијата, секоја година во Битола се организира и меѓународна изложба, на која се поместуваат околу 1.500 најдобри творби на учесниците на конкурсот. 

      

www.montmartre.smultimedia.com >>