Крушино

 alt

На само три километри од центарот на градот Кичево, на падините на Бистра, се наоѓа познатото излетничко место Крушино.

Во Крушино можете да се ужива во прошетките низ бујната шума и во специјалитетите на ресторанот во истоимениот мотел.

alt     alt

Шумата во Крушино постојано се обновува во еколошките акции за пошумување, одржувајќи го локалитетот како неодминливо место за посета во Кичевско.