Јасен

alt

Шумскиот резерват Јасен ги зафаќа западните делови на планинскиот масив Јакупица, односно деловите на Сува Планина и Караџица, како и делови на Сува Гора. На оваа територија изградени се повеќе сместувачки капацитети за престој на гостите.

alt     alt

Во рамките на заштитените дејности спаѓа и ловството, чија цел е заштита и унапредување на автохтоната ловна и друга фауна. Посебна ловна атракција претставуваат дивокозата, дивата свиња, муфлонот, еленот, срндакот, волкот, лисицата и многу други видови дивеч со кои изобилува Јасен.

alt   alt   alt
alt   alt   alt

Најголемо водно богатство на Јасен претставуваат акумулациите Матка, Козјак и Св. Петка, кои изобилуваат со животински видови кои опстануваат во такви екосистеми (многу видови птици и риби). На целата должина од езерата Света Петка и Матка постојат услови за регата, односно патека за кајак на мирни води. Должината на патеката на езерото Света Петка може да се адаптира во должина од 3 км, додека Матка таа може да се адаптира во должина од 7 км.

alt   alt   alt

Територијата на Јасен нуди извонредна можност за екотуризмот. Низ Јасен се изградени околу 35 км шумски патишта и други патеки кои овозможуваат организирање на планински велосипедизам, пешачење, планинарење, лов, јавање, параглајдинг и качување по карпи.

www.jasen.com.mk