Козјак

alt

Езерото Козјак е долго 32 километри, некаде е длабоко и до 130 метри, а максималното растојание од едниот до другиот брег изнесува 400 метри. Основата на браната е 500, а круната (врвот) 310 метри. Максимална кота на езерото е 470 м. Капацитетот е приближно 380 милиони м3 вода.

alt     alt

Според атракцијата и функционалноста на езерото, внимание привлекува изградбата на т.н. воден лифт, таму каде што етапно ќе се регулира водостојот на водата во езерото. Оваа огромна инка за контрола на водите во најголемите дождовни периоди е втора по функција во светот. Ја градеа истите кинески експерти што ја граделе и проектирале најголемата светска брана на Жолтата Река во Кина.

alt     alt

Козјак има најбогат рибен фонд во Македонија. Во акумулацијата се среќаваат девет видови риби. Рекреативниот риболов е можен преку целата година на целата површина на акумулацијата.