Слатинска пештера

alt

Низ тесна дупка со длабочина од 1,5 метри, по која мора да се ползи во вода, се влегува во засега најголемата македонска пештера Слатински Извор, која се наоѓа во атарот на село Слатина, оддалечено петнаесетина километри од Македонски Брод. Влезот во пештерата, за која досега се знае дека е долга 3.000 метри, е лоциран од левата страна на сливот на Слатинска Река во Треска, на надморска височина од 495 метри.

Пештерата се состои од еден долг канал, од кој во неколку правци се разгрануваат подолги и покуси канали. Досегашната вкупна истражена должина на пештерата изнесува 800 метри, од кои 705 метри припаѓаат на главниот пештерски канал. На одделни места од главниот канал доминираат пештерски столбови и сталактити, a во најголемата пештерска сала (20x15 м) изградени се и поголеми сталагмити.

alt     alt

Целата пештера е изградена во доломитски мермери. Влезот во неа е широк помалку од еден метар, a се состои од една пукнатина до карпест блок, додека излезот е ориентиран кон Слатинска Река. Пештерата е богата со пештерски украси, особено во влезниот дел. Низ пештерата протекува подземна река во должина од 557 метри, во која се изградени и помали травертински езерца, во кои е констатирана присутност на пештерски ракчиња.