Пештера Пешна

alt

Од крајниот северен дел на пештерата, по силни дождови и топење на снегот, избива силен вруток кој во сушните периоди од годината наполно пресушува. На влезниот дел на пештерата постои средновековна тврдина.

alt

alt   alt

За локалните жители „врутокот“ е реката - понорница Пешна, која според извесни теории е Крапската река која формира неколку езерца и водопади во најголемиот пештерски систем кај нас, за кој се претпоставува дека е долг неверојатни десет километри. Неколку стотини метри од пештерата тече реката Треска, идеално место за рибарење и пикник.

alt     alt     alt

Остатоците од тврдината во пештерата се доведуваат во врска со месноста „Девини кули“ која се гледа од внатрешноста на пештерата. Според локалните легенди, на двете тврдини живееле сестрите на Крале Марко. Легендите велат дека на нејзиниот влез и навнатре била изградена тврдината на втората сестра на Крали Марко.