Лешочки манастир

alt

Во Лешок и околината порано имало дури 44 цркви. Денес во Лешок има три активни цркви и една капела-параклис (Св. Атанасиј од XIV век, Св. Атанасиј од XX век, Св. Богородица од XIX век и капелата-параклис Св. Кирил и Методиј од XX век сместена во конакот), како и остатоци од пет цркви и параклиси од средниот век.

Посебно се истакнуваат културните и духовните вредности на црквата Св. Атанасиј од XIV век, која била седиште на првиот полошки епископ Јоаникије и која денес е прогласена за споменик на културата. Во црквата Св. Богородица, која големиот македонски просветител и јеромонах Кирил Пејчиновиќ, по враќањето од манастирот Хиландар на Света Гора, ја доградил на темелите стара црква од Средниот век, има многу вредни фрески кои датираат од XVII и XIX век, при што особено внимание привлекува иконостасот од 1879 година. Во манастирот е гробот на големиот македонски преродбеник Кирил Пејчиновиќ.

alt   alt   alt

Црквата Свети Атанасиј има долга традиции, богата и славна, но полна и со трагични настани. Манастирот „Св. Атанасиј“ повеќе пати бил пален и обновуван. Во 1690 година Турците ги разурнале и манастирот и црквата „Света Богородица“, а манастирот бил многу оштетен и за време на конфликтот во 2001 година.