Бистра

alt

Бистра е планина во Македонија која се граничи со шест други планини: Шар Планина, Буковиќ, Стогово, Крчин, Дешат и Кораб. Позната е по своите пасишта, а бидејќи се граничи и со Мавровското езеро поголем дел од планината спаѓа во националниот парк „Маврово“. Искачувањето на највисокиот врв „Меденица“ се врши по стандардната насока од веројатно најпознатото село Галичник, кое се наоѓа на 1350 метри надморска височина.

На пасиштата на Бистра има триесетина диви коњи кои доаѓаат во близината на овчарските бачила. Овој вид коњи е се помалоброен на Бистра, нивното неконтролирано ловење и припитомување.

alt   alt
На Бистра се наоѓа голем скијачки центар. Добро подготвените патеки се вистинско уживање за скијачите, на кои им стојат на располагање седум ски-лифта за крстосување низ непрегледните белини.