Вардар
alt

Вардар има навистина композитна речна долина поради редењето на клисури и котлини една по друга долж нејзиното течение. Реката извира во Вруток, неколку километри југозападно од Гостивар во северозападниот дел на Република Македонија. Продолжува да тече низ градот Гостивар и котлината Полог каде се влеваат неколку притоки: Лакавица, Маздрача, Пена, Бистрица, Ракита. Потоа, преку Дервенската клисура навлегува во Скопската котлина каде прима вода од Лепенец, Треска, Пчиња и Маркова Река и минува низ Скопје.

Минувајќи низ Таорската Клисура каде се влева Кадина Река, Вардар навлегува во малата Велешка котлина и минува низ Велес. Овде се вливаат реките Тополка и Бабуна. Потоа преку Велешката клисура навлегува во Тиквешката котлина каде се вливаат двете нејзини најголеми притоки Црна Река од десна и Брегалница од лева страна. Навлегува во познатата Демиркаписка клисура, а преку нејзе во Гевгелиско-валандовската котлина каде што ја преминува грчката граница, минува низ Циганската клисура, и течејќи низ Солунското поле се влева во Егејското море во западно од Солун во Егејска Македонија.

alt   alt

Изворот на Вардар е богат со риба. По долгото течение на реката има изградено многу мостови, како познатиот Железнички мост во Велес.