Катлановска бања
alt

Катлановска Бања се простира на тектонска пукнатина во должина од 350 м. На повеќе места се сретнуваат извори со минерална вода богати со гасови. Водата излегува од пукнатината со повремени пулсации (фумароли) и е од јувенилно потекло (вулканско).

Посебно значење има поради зачуваноста на врската меѓу термалните води и тектонската пукнатина, што е своевидна реткост на Балканот и во Европа.

alt   alt

Лоцирана е на неколку минути од Скопје покрај течението на Пчиња и била позната уште од римско време. Водата од топлите минерални извори е богата со минерали и има исцелителна моќ и магично дејство врз здравјето.