Скопска Црна Гора
alt

Скопска Црна Гора е средновисока планина, која на територијата на Република Македонија се протега со својот јужен дел, а северниот дел припаѓа на Косово. Се издига меѓу Скопската Котлина од југ, Кумановската Котлина од исток, Гњиланската од север (во Косово) и долината на река Лепенец од запад.

Највисок врв на планината е Рамно со 1.651 метри надморска височина. Планината е настаната е со раседнување и составена е од кристалести шкрилци и еруптивни карпи, преку кои лежат мезозојски карпи и терциерни седименти.

alt   alt

Со долината на Липковска Река, поделена е на два дела: западен (повисок) и источен (понизок), познат под името Карадак. На Скопска Црна Гора се наоѓаат изворишта на поголем број речни текови.