Спомен-куќа на Мајка Тереза

alt

Во 1928 година заминува од родниот град и оди во Бенгал и Калкута во Индија. По само два месеца таа си ја исполнува својата желба и се приклучува кон редот Лорето во Бенгал. Во Калкута ја дава својата прва заклетва. Во 1949 година стана Индијка и го основаше редот „Мисионерки на љубовта кон ближниот“. Членовите на овој ред се обврзуваат на несклучување брак, на сиромаштија и послушност. Подоцна овој ред беше признат од страна на папата и беше под негова контрола. Мајка Тереза посебно се грижеше за лица што беа пред смрт, сирачиња и болни. Посебен ангажман на Редот беше грижата за болните од лепроза.

Денес редот на Мајка Тереза брои преку 3000 сестри и преку 500 браќа во повеќе од 100 земји од светот. За нејзиното несебично дело таа доби голем број награди. Најзначајна, без сомнение, е Нобеловата награда за мир од 1979 година. Почина во 1997 година во Калкута. Папата Јован Павле Втори процедурата на беатификација ја покрена една година по нејзината смрт, наместо како што е вообичаено, по пет години.

alt   Мајка Тереза со Папата Јован Павле Втори

Мајка Тереза е прогласена за почесен граѓанин на нејзиниот роден град Скопје, кој од своето заминување во хуманитарна мисија за помош на гладните и осамените го посетила четири пати: во 1970, 1978, 1980 и во 1986 година. До местото на нејзината родна куќа, близу плоштадот „Македонија“, е изграден споменик кој е задолжително место за посета во градот.