Кафе бар Корзо - Гевгелија
 
alt alt

Кафе барот Корзо
е сместен во самиот центар на градот, поточно во средиштето на градското шеталиште, такашто самиот назив е автентичен за неговата местоположба.
Кафе барот Корзо е проектиран и организиран по сите современи и модерни стандарди за работа. Се одликува по специфичниот ентериер - елегантен, модерен и уникатен.
Има летна бавча која делува како една целина со внатрешноста, како еден нераскинлив дел од кафе барот. Во зима е адаптирана за функционирање на начин што летната бавча е застаклена, така што се добива една  целина.

alt alt

Корзо преку ден функционира како кафетерија каде луѓето својата кафе-пауза ја искористуваат да си поминат во една многу пријатна атмосфера, проткаена со одбраната Cafe Del Mar музика.
Разновидноста на кафињата што се подготвуваат во оваа кафетерија од espresso до nesscafe, потоа повеќе видови на кафе-специјалитети , ја прави единствена во овој крај.
За викенд Корзо е кафе бар каде што младите и тие што се чуствуваат така, навечер го поминуваат времето за забава и провод. Програмата што ја нудиме на гостите со жива музика и најдобрите ди-џеи нема да Ве остави рамнодушни и сигурно дека добро ке се забавувате.
 
    Плоштад Гевгелија
    тел: 034 215 399