АДАМ ОД МАКЕДОНИЈА

Откриен е во 2000 година на археолошкото ископување на локалитетот Говрлево, на границата меѓу културните слоеви кои припаѓаат на неолитот и енеолитот. Фигурината претставува еден од десетте уникатни археолошки наоди во светот. Веднаш по самото пронаоѓање го доби епитетот „милениумско откритие“.



Адам има необична уметничка обработка. Тоа е еден нецелосно сочуван обид за претстава на маж фатен во момент на физичка или духовна активност. Поставено во седната позиција, ова машко тело има нагласена анатомија, длабоко вовлечен стомак, истакнат папок, добро дефинирани мускули, видлив ‘рбет, па дури и скршен фалус.

  

Ремек-делото со експлицитно реалистична уметничка форма пред пошироката публика за прв пат беше презентирано на 30 септември 2006 година. Во моментот наодот може да се погледне во поставката на Музејот на Град Скопје.

ЗАТОА