Милениумски крст



Конструкцијата на крстот започнала во 2002 година. Направен е од челик со висина од 67 метри и распон на краците од 46 метри. Во неговата внатрешност е вграден лифт, кој овозможува редок панорамски поглед на главниот град и околината.

Крстот е изграден на највисоката точка на планината Водно на место уште од времето на Отоманската империја познато како „Крстовар“ (место на крстот), поради легендата дека во минатото таму се наоѓал помал крст.

 

Со 66 метри височина, ова е највисокиот објект во Македонија.