Камен мост



Низ вековите мостот претрпел повеќе оштетувања, што наложувало и конкретни зафати за неговото санирање и обнова. Познато е дека мостот настрадал од големиот земјотрес од 1555 година кога биле разурнати или тешко оштетени четири столбови.

Низ сиот период, сѐ до 1909 година, мостот имал огради од камени плочи. Во 1895 година, којзнае по кој пат, мостот се нашол под ударот на силно надојдените води на реката Вардар, па во 1896 и 1897 година биле изградени заштитни ѕидови на кејот, како една од мерките за регулирање на речниот тек во овој дел.

  

Во 1944 година Камениот мост бил миниран од страна на фашистичката војска, но, со ослободување на градот било спречено активирањето на поставениот динамит и мостот бил спасен од уривање. Со цел да се врати првобитниот изглед на камениот мост, почнувајќи од 1992 год. се започнати нови интервенции.