Преспанско Езеро

 alt

Езерото Голема Преспа e поделено меѓу Република Македонија, Грција и Албанија, a езерото Мала Преспа меѓу Грција и Албанија. Голема Преспа е на 853 метри надморска височина, со површина од 273 km², со најголема длабочина од 54 м. Максималната температура на водата во јули и август достигнува до 27 степени Целзиусови степени.

Од Охридското езеро е оддалечено 10 км, со кое е поврзано со подземни канали на варовничко тло, а поради тоа што се наоѓа на 150 м повисока надморска височина, неговата вода се прелива во Охридското езеро. Познатите Билјанини извори во Охрид се, всушност, местото од каде Преспанското езеро излегува од планината Галичица и се прелива во Охридското езеро.

 alt   alt

alt

alt   alt

На езерото Голема Преспа постојат два ненаселени острови: Голем град во Македонија и Мал град во Албанија. Како природна реткост, Голем Град бил привлечен уште во римската епоха. Голем град претставува археолошки локалитет со остатоци од живеалишта , цркви и некрополи и редок резерват каде се размножуваат ретки видови габи. Покрај неколкуте видови плодородни растенија (слива, црница, дрен, шип, лозница) на островот расте и смоква. Зафаќа површина од околу 2 км2 и е познат како омилено излетничко место, кое го посетуваат 100.000 посетители годишно.

Пеликанот, како една од најкрупните птици кои живеат на вода, главно, во потоплите краишта, кај нас го има единствено на Преспанското Езеро. Секоја година, јата од сто птици организираат шестмесечен престој во Преспа (од 15 април до 15 октомври). Останатиот период го минуваат во јужните предели на Земјината топка. За време на есенската преселба, пеликаните се собираат во јата и, по еднодневно кружење над Преспанската котлина, се упатуваат кон своите зимувалишта. Пеликанот не нурка под водата, туку само плива на површината. Начинот на кои ловат е интересна глетка. Со силниот инстинкт ги открива јатата риби и штом ќе долета до целта, до него слетуваат јата корморани, кои гонејќи ги рибите, со нуркање создаваат симбиоза во заедничката исхрана.

alt   alt

Во текот на последниве три децении на Преспанското Езеро долетуваат и лебеди, што порано не беше случај. Во јата од четири до осум птици доаѓаат на пролет или на есен и се задржуваат по два-три месеци. Во споредба со пеликаните, лебедите се припитомуваат, најмногу преку подавање храна.

alt