Галичка свадба

 alt

Секој Петровден, 12-ти јули, е ден на раскошните носии, езгиите, величествените обреди и ритуали на единствената Галичка свадба, чие пошироко значење своја круна добива со влегувањето во ризницата на духовни вредности на човештвото што се под заштита на УНЕСКО.

alt   alt

Порано свадбарските церемонии траеле пет дена, а традиционално свадбата се одржувала на Петровден. Секој ден од свадбата има посебни обреди што се изведуваат по утврдени обичаи. чекањето на тапаните, свекрвино оро, носењето на невестата на вода, поставувањето на свадбарскиот бајрак, канењето на мртвите, бричењето на зетот, земањето на невестата, замесувањето на лебот, венчавањето во црквата „Св. Петар и Павле”.

alt   alt

Галичката свадба е туристички настан и вистинска свадба, за која секоја година се избираат двајца млади кои ќе се венчаат на тој ден. Еден од предусловите е барем еден од младите да потекнува од галичко семејство.