Шарена џамија

alt

Првобитната Шарена џамија била изградена во 1495 година како исламски собирен храм. Реконструирана е од XVI до крајот на XVII век, кога изгорела до темел во големиот пожар што го зафатил градот. Опколена е со низок мурален ѕид со квадратни перфорации, обрабени со прекрасно дизајнирани мрежи направени од дрво.

Нејзиното првично име било Алаџа (басма, шарен памук), а во XIX век го добива името Пашина џамија, по својот реноватор Абдурахман-паша, турски феудален господар на Тетовскиот пашалак, забележан во историјата и како градител на Калето на Балтепе и на теќето Арабати Баба.

alt   alt

Бројните живописно насликани орнаменти, сликовитоста и употребените сликарски техники претставуваат раритет и извонредно дело на исламската архитектура. Тие се дело на искусни мајстори од Дебар, кои освен што ја насликале џамијата однатре и однадвор, истовремено го декорирале и дервишкото Арабати-баба теќе и неколку приватни куќи на бегот.

alt

Податоците за историјата на Шарената џамија и за околните објекти се врежани во записите издлабени на мермерните плочи поставени над нејзината влезна врата. Во состав на џамијата постои турбе каде е погребана ќерката на бегот, анамата Хуршиде, со потекло од Анадолија, чија желба била да биде погребана во Тетово, како и богато декориран камен шадрван, амам и ан.