Аквадукт

alt

Изграден од камен и тули кој денес брои 55 лака потпрени на масивни столбови, Аквадуктот е подигнат во периодот на Османлиите во XVI век.

Се смета дека преку Аквадуктот била спроведувана вода од изворот Лавовец во селото Глуво на Скопска Црна Гора. Водата се пренесувала со цевки кои оделе од запад кон исток. Количеството било константно и бил загарантиран доводот на водата преку целата година.

alt     alt     alt

Иако многупати се менувал, пресекот на цевката е отприлика 25 сантиметри. Крајот на Аквадуктот завршувал со чешма, односно место каде вообичаено се пои стока и полни вода за пиење.