Скопско Кале



Кале е едно од најпопуларните места за посета во Скопје. Како највисока точка во градот, тврдината нуди фантастичен поглед на градот како и можност да се дојде до стариот турски дел од градот за неколку минути. Во лето тука се одржуваат концерти и театарски претстави.

Заради стратешката локација на местото, тврдината била градена, рушена и преградувана многу пати од страна на разни освојувачи. Најраните познати жители на местото живееле во неолитот и раното бронзено доба, 4 000 години п.н.е. Тврдината што ја гледаме денес е изградена најпрвин во византиско време (6-ти век), со камени ѕидови со должина од 121 метар.

 


Археолошките ископувања на Скопското кале започнаа на 14 мај 2007 година. Скопското Кале претставува еден од најпривлечните и најпровокативни, но во исто време и најконтроверзни и најсложени локалитети за археолошко истражување.