ИДБЦ - Информативно Деловен Бизнис Центар
There are no translations available.

Борка Талески 11, Скопје
тел./факс ++389 2 3 116 644; 3118-799;

This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it   


ИДБЦ - Информативен-деловен бизнис центар од Скопје се занимава со издавачка дејност и 17 години континуирано работи на збогатување на својата издавачка програма. Нашата издавачка програма е позната по стручни публикации, така што редакцијата на ИДБЦ ги следи потребите на стопанскиот сектор за секаков вид информирање и следење на сите законски и подзаконски прописи. Оттука произлегува разновидноста на публикациите - од областа на правото, економијата, локалната самоуправа, афирмација на туризмот во Македонија и други области.

  • Публикацијата Македонски ИНГ Регистар е годишно издание кое излегува од печат 17 години. Публикацијата претставува регистар на важечки прописи кои објавени во Службен весник на Република Македонија, во Службен весник на СРМ и Службен лист на СФРЈ. Покрај овие прописи, се објавуваат и подзаконски прописи (преземени и применувани како републички), судски одлуки и ставови, службени мислења, толкувања и стручни списанија. Сите овие податоци се ажурираат редовно секој месец во тековната година во која е издаден Македонскиот ИНГ Регистар (www.idbc-ingregistar.com.mk)
  • Деловен Телефон - Телефакс Именик на Република Македонија
  • Тарифен Именик на стоки (Царинска стапка со режим на увоз и извоз, Закон за царини, Закон за надворешно трговско работење и Закон за девизно работење)
  • Инкотермс 2000
  • повеќе Збирки на закони
  • Монографија на општините во Република Македонија
Во подготовка е монографијата Македонија - туристички бисер. Идејата на овој проект е да бидат афирмирани природните убавини и реткости на нашата земја, културно-историските споменици и знаменитости, народните обичаи, туроператорите и хотелиерите. Со овој проект, сметаме дека, ќе придонесеме за развојот на туризмот кој ќе биде ставен во функција на комерцијалното туристичко стопанство, како што се хотели, мотели, казина, детски одмаралишта, ресторани, кафеани, пицерии, слаткарници, туристички агенции, транспортот, ПТТ сообраќај, трговија производство и др. Проектот е подржан од Стопанската комора за туризам и Министерството за економија - Сектор за туризам.