Во допир со природните убавини...

На живописниот клисурест простор на Матка посебно внимание заслужуваат десетте пештери... Планината Водно претставува одлично место за прошетка со прекрасен поглед на Скопје... Единствена можност за тандем-лет со параглајдер пружа Скопска Црна Гора... Катлановска Бања е една од најпопуларните бањи во Македонија, каде се допираат медитеранската и умерената континентална клима... Вардар е најголемата река во Република Македонија и воопшто во Македонија...


Во длабочините на културата и историјата...


Како највисока точка во градот, тврдината Кале е едно од најпопуларните места за посета во Скопје... Симболот на Скопје, Камениот мост, изграден во XV век, претставува врска меѓу новиот и стариот дел на градот... Милениумскиот крст на врвот на планината Водно е подигнат по повод 2000-годишнината од христијанството на овие простори... Соборната црква Св. Климент Охридски претставува едно од главните обележја на современо Скопје и една од најпрепознатливите цркви во Македонија... Сместена во срцето на Скопје, Старата чаршија е најблиска дестинација без разлика од која страна се пристигнува во градот... Мустафа-пашината џамија е изградена во 1492 година, една од најубавите градби од отоманскиот период на Скопје и еден од неговите препознатливи симболи... Мајка Тереза е родена во 1910 година во Влашко Маало во Скопје и е прогласена за негов почесен граѓанин... Аквадуктот се наоѓа на два километри северно од Скопје, а водата преку него била дотурана од каптирани извори во Скопска Црна Гора... Манастирот Свети Пантелејмон со истоимената манастирска црква се наоѓа во с. Горно Нерези на планината Водно на осум километри југозападно од Скопје...


Во овој дел од Македонија...



Во овој регион спаѓаат општините:
Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Град Скопје, Чаир,
Шуто Оризари, Арачиново, Петровец, Илинден, Студеничани, Зелениково, Сопиште и Чучер Сандево.