Хотел Галеб - Струга



Хотелот Галеб идеално е поставен на благородните брегови на едно од најстарите и најубави езера на светот, Охридското езеро, лоциран на влезот од градот Струга и само 50 метри од песочните плажи, а 500 метри од центарот на Струга. Обликуван во стилот на старата македонска архитектура, распространет на струшкото крајбрежје, хотелот располага со: 87 соби 1/1 – 1/2 – 1/3, секоја со посебна бања, тв и минибар и дел од истите со сопствена тераса со поглед кон езерската шир, како и ресторан со 300 седишта, аперитив бар, ТВ сала и др.
Надморската височина на која се наоѓа Струга, оплеменета со извонредни климатски услови ово-зможува пријатен престој во било кој период од годината.
Во склоп на горенаведените податоци и нашето долгогодишно искуство секако би истакнале дека овозможуваме оптимални услови за спортисти, бидејќи во непосредна близина на хотелот гравитираат и голем број на терени, трим патеки и др.
Посебно би потенцирале дека воедно склучуваме аранжмани за ученички екскурзии (основно, средно училиште, студенти, полуматуранти), а за таа намена овозможуваме 250 легла.
Повелете, Ве очекуваме во градот на поезијата.

 
www.galebiplaza.com.mk


Информации и Резервации:
Tel. ++389 46 781 089
Tel/fax: ++389 46 781 086

E-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

Mob.: ++389 (0)70 26 11 75
++389 (0)70 51 51 64
Albanian ++389 (0)70 70 81 13
English ++389 (0)70 36 20 75
++389 (0)71 24 14 49