Винарија Сарафов - Струга


                                                               

Во Македонија одгледувањето на винова лоза и производство на вино е милениумска традиција. Најпрестижен вински регион во Македонија е ТИКВЕШИЈАТА. На падините на Тиквешката долина се наоѓа семејната Винарија Сарафов. нејзин основач е Никола Сарафов кој во 1999 година основа винарско-ракиџиска работилница. Традицијата, квалитетот и макотрпната работа направија пресврт во оваа работилница во 2005 година, прерасна во семејна винарија за да веќе во 2008 година ја птвори својата винотека во Струга. Резултат на квалитетното произведено вино е природниот процес на преработка во текот на ферментацијата на ширата. Виното добиено на вистински традиционален начин во себе носи многу љубов и внимание, вложени во текот на правењето и созревањето на виното. Уживајте во вината на Винарија Сарафов.

Винарија Сарафов располага со продажен салон кој се наоѓа на ул. Петар Петровски 13 во Струга. Во салонот можат да се купат сите видови на вина кои ги произведува Винарија Сарафов како и други марки на алкохолни жестоки пијалоци

Тел: 071 366 951
E-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

www.winerysarafov.mk