Рибник Бабино- Д. Хисар

         

  На регионалниот пат  Р – 416, на 15 км од Демир Хисар кон Кичево од левета страна во недопрената природа се наоѓа с. Бабино.

Во неговиот атар, стиснат помеѓу два зелени брега и Базерничка  река во магија од вода и шума сместен е  РИБНИК „БАБИНО“ во чии опфат извира бистра и ладна вода со капацитет од 30 – 200л/с од кој се снабдува рибникот кој е со капацитет од 80.000кг. годишно производство на пастрмка (виножитна, златна, речна, лосос и артичка).

Во склоп на рибникот се наоѓа мрестилиште и одгледувалиште на порибителен материјал каде годишно се произведува од 2-3 милиони броја подмладок. Во долниот дел на рибникот се наоѓа езеро во кое слободно пливаат матиците за репродукција.