Хотел Калин с. Лазарополе



      
Локација
Ако патувате од Скопје, преку Тетово и Гостивар,потем преку Маврово, влегувате во живописната клисура на реката Радика кон Дебар, поминувајќи
крај импресивниот манастир Свети Јован Бигорски,доаѓате до крстопатот наречен Бошков Мост на неколку километри пред Дебар. Тука се упатувате
лево, по добар асфалтен пат, по околу 5 километрипочнувате да се искачувате по кривулест асфалтен пат што ве води во планинските висини на Бистра.
По веќе создаденото чувство дека сте на небо, пред вас, на надморска височина од 1.350 метри,се отвара голема висорамнина на чии карпести
делови се појавуваат куќи, најчесто двокатни и трокатни изградени од камен кои потсетуваат на средновековни тврдини. Во центарот на ваквата
прецизна архитектонска организација ве пречекува Калин Хотел во Лазарополе.Градбата на Калин Хотел е спој на традиционално мијачко градителство со современи архитектонски решенија, што создава топла и
уникатна атмосфера .Ексклузивниот ресторан, во релаксирачки амбиент, нуди
квалитетна храна, локални и интернационални јадења
и специјалитети од дивеч. Внимателно селектираната винска листа е идеално
дополнување на одличната храна.Калин Хотел располага со 16 конфорни и вкусно уредени соби. Секоја соба е опремена со бања, телефон, сателитска телевизија и други погодности што го прават престојот комплетен.
Конференциски капацитети Погодната локација, мирното опкружување и оптималните капацитети на Калин Хотел претставуваат идеално место
за деловни состаноци, работилници или конференции за околу 40 учесници. Високите стандарди на аудиовизуелната и комуникациската опрема, нудат одлични можности за секакви деловни потреби и удобност за корпоративно задоволство.
                                                  
Информации и резервации на тел:
389 46 846-222