Винарија Грков


 

                                         ВИНАРИЈА „ГРКОВ“

     Во подножјето на Кожуф планина, среде природниот раскош на Бошавската долина, во еколошки чиста и незагадена средина, каде што боите, звуците и мирисите на природата го имаат совршениот спој на убавото, таму се наоѓа Винарија „Грков“, префинето склопена во таа рустична средина. Ненаметливо, а воодушевувачко.
      Со сопствени насади од сорите Cabernet Sauvignon, Merlot, Pinot Noir, Pinot Grigo, на 550 метри надморска висина под падините на Кожуф планина каде се спојува медитеранската со континенталната клима, како и на основ на 50 год. необработлива земја на која се засадени истите, со посебни карактеристики на тероар коишто му даваат на виното исклучителен квалитет.
      Во 2007 година Винаријата со целото свое призводство премина кон органски начин на производство, а по изминатиот период на преод од конвенционално кон органски начин на производство, во 2009 год. се стекна со Сертификат со СтатусОрганско. Со тоа винаријата „Грков“ стана Првата винарија во Македонија која произведува вино добиено од органско грозје, сертифицирано за еднаквост со Регулативата (ЕС) 834/2007 и Законот за органско земјоделско производство на Р. Македонија.
 
  Информации и резервации
 с.Крњево- Кавадарци
   тел: 389 43 400 565
 Скопје ул„ Орце Николов„  бр.190/4-2
  тел:389 2 30 92 641