Вински подрум Сковин


 


       Основан во 1978, Сковин ја продолжува  вековната традиција на производство на вино од Скопското виногорје, традиција која датира уште од древниот Рим.

Со преработка  од 15 до 17 милиони килограми грозје годишно, Сковин е еден од најголемите производители на квалитетно вино во Македонија.

      По купувањето од страна на Фершпед, проследено со значајни инвестиции, Сковин стана една од најдобро опремените винарници во регионот. Истовремено, Сковин е најголемиот извозник на вино од Македонија во Европската унија. 

     Со стапка на раст од 40% годишно во последните 5 години на домашниот пазар и 30% во регионот ние прераснавме во сериозен конкурент за другите водечки винарници во регионот.

 Опис на производот
   Портфолиото на производи на Сковин се состои од широк спектар на врвни и квалитетни вина.

Лозовите насади на Сковин се познати по тоа што даваат единствена  арома на вината, одраз на остриот мраз и  долгото суво сончево лето.
      Уникатната локација на нашите насади 400-600 метри надморска височина на јужните падини на Водно, покривајќи површина од 500 хектари во областа наречена "Сончева долина# и идеалниот спој од автохтони и меѓународни сорти, специфични агротехнички мерки кои се применуваат во лозовите насади и успешното усогласување на традиционалното производство на вино со новите технологии, претставуваат дел од факторите кои влијаат врз производството на вино со врвен и уникатен вкус и стил.
    Сковин е пионер во органското производство на винова лоза во Македонија.  Четирите години на подготовка, дисциплинирана и стандардизирана обработка на насадите со органско производство ги дадоа првите плодови. Ова ќе ни овозможи да им понудиме не само квалитет и уживање на нашите консументи, туку и чувство дека производот во кој уживаат е добиен без загадување на околината, согласно со највисоките еколошки стандарди и е целосно природен.

Адреса:    СКОВИН                                                

Улица:    "15 Корпус# бр.3                                   

П.фах:     1000                                                         

Град:         Скопје                                                       

Држава:     Р.Македонија                                           

Тел. Број:        +389 2 3145 107                                       

Е-маил адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите