Хотел Тутто - Јанче, Маврово Ростуше



Хотелот ТУТТО се наоѓа во с.Јанче, во срцето на Националниот парк Маврово. Хотелот е лесно достапен и се наоѓа само еден километар од регионалниот пат Гостивар - Дебар и до него води асфалтиран пат.
Сместен во реканскиот ридско-планински предел во подножјето на планината Бистра и во непосредна близина на манастирот Св.Јован Бигорски, хотелот ТУТТО нуди панорама со прекрасен поглед кон селото, селските куќи со специфична архитектура и старите градби. Изграден од исклучиво природни градежни материјали, хотелот е пространо сплотен со сивите карпи, зелените шуми, бистрата вода, небеското синило, ѕвездените ноќи и месечината. Она што посебно плени е погледот на кривулестата трага на реката Радика чиј кањон поминува низ овој крај. Тука утрата се свежи и пријатни, денот исполнет со мириси на природата, а тивките ноќи се совршени за пријатен одмор. 

Информации и резервации:
тел. 389 42 470 999
моб.389 71 241 371
         389 71 241 373